Press "Enter" to skip to content

Едукативната игра “НАТО сложувалката“ првонаградена на конкурсот “НАТО@70“ (фотогалерија)

-Едукативна игра “НАТО сложувалка“ на менторот Ѓорѓина Димова, наставник по информатика во ОУ “Страшо Пинџур“ од Неготино со освои прво место од вкупно 25 презентации.

-Проректорот на УКЛО, проф. д-р Игор Неделковски доби посебно признание од Канцеларијата на НАТО.

-Сите наградени ќе бидат гости на канцеларијата на НАТО во Скопје.Во организација на “ГАУС“ Институтот од Битола се одржа вториот по ред настан организиран како дел од глобалната прослава на 70 годишнината од формирањето на НАТО пактот, а се одржа во новата зграда на Факултетот за информатички и комуникациски технологии во Битола.На настанот учествуваа повеќе од дваесет тимови кои на саемот на игри на кој ја покажаа практичната демонстрација на се она што го сработија.На свеченото отворање на настанот кој беше во новиот анфитеар на ФИКТ зборуваа домаќинот проф. д-р Андријана Боцевска, В.Д. Декан на ФИКТ, проректорот Игор Неделковски и Претседател на Одборот на ГАУС Институт – Битола и Воениот претставник на НАТО во Македонија, полковник Зоран Јанкович.Проф. д-р Андријана Боцевска, В.Д. Декан на ФИКТ на отворањето рече:-Мило ми е што ФИКТ е домаќин на овој настан, и се надевам дека ваквите проекти и во иднина ќе се поддрѓуваат од наша страна и во иднина. Од 49 проекти покажува на зголемениот интерес на учесниците во ваквите проекти за продлабочување на нивните знаења. Проректорот на УКЛО, Игор Неделковски и Претседател на Одборот на ГАУС Институт – Битола рече:-Ова е продолжение на првиот настан пред четири месеци во кој ве мотивиравме да дојдете со идеи кои денес ќе ги презентирате. Во целите за втората фаза беше предвидено дека ќе добиеме десет едикативни игри, а тоа и сме го доставиле до НАТО одделелот во Брисел, во одделот за дипломатија. По успешноста на првиот настан, добивме 49 предлози, пет пати повеќе од очекуваните. Не можеме да презентираме толку настани, па се одлувме да има 25 едукативни настани, кои се наоѓаат на саемот на игрите. Неделковски додаде и дека во екукативите игри е направен баланс меѓу социјалните и компјутерските игри, преку кој младите учеа за НАТО и нивните сознанија ги преточија во едукативни игри.Полковникот Зоран Јанковиќ, шеф на канцеларијата на НАТО во Скопје, беше по втор пат во Битола, кој практично и го отвори настанот пред присутните рече:-Годинава славиме 70 годишнина од НАТО Алијансата и преку овој проект ги учиме децата за придобивките од НАТО. Со големо задоволство сум повторно во Битола на овој настан, а сакам да кажам дека резултатот од првата фаза е совршен. Денешната бројка на учесници ја потврдува успешноста на проектот. Со повеќе активности можете да научите што значи НАТО. Полковникот Зоран Јанковиќ, шеф на канцеларијата на НАТО во Скопје за успешната реализација на проектот “НАТО@70“ на организаторот Игор Неделковски му додели посебно признание од НАТО.Менаџер и координатор на целиот проект е Весела Богдановиќ, која на вториот настан беше и во улога на модератор, а на сите учесници им помагаа волонтери во текот на целиот работен ден.Комисија составена од пет члена ги оценуваше игрите, нивната содржина, презентацијата на саемот на игтите, нивната применливост понатаму.Во вториот конкурс  “Учиме за НАТО“ во категорија едукативна игра, прво место освои играта “НАТО сложувалка“, на на учениците на менторот, Ѓорѓина Димова, наставник по информатик во ОУ “Страшо Пинџур“ од Неготино. Второ место во освои “COOL FAMP“ на учениците на менторот  Кристина Стојанова, ликовен педагог ОУ “Гоце Делчев“ од Битола. Во категоријата дигитална игра првото место го освои играта “Let’s learn, let’s play“ на учениците на менторот, Мирослав Маркоски, професор во ОСТУ “Гостивар “ од Гостивар.