Еуро Никел – Пелистер 91:69 (19:27, 32:15, 28:12, 12:15)
Спортска сала “Јасмин“, Гледачи 200
Судии: Милојевиќ, Мијалковски и Антонов
Еуро Никел: Соколов 15, Караколев 10, Бабоц 3, Каплановиќ 6, Марзет 21, Петровски 27, Милков, Коцев 5, Митков, Мелов, Николиќ 2, Колеман 2.
Пелистер: Пенов 10, Мекиќ 17, Трсунов, Обедниковски 2, Враниќ 6, Атанасовски, Цветковски 9, Голубовиќ 2, Казарновски 16, Гулевски, Думиќ 7, Лазаревски.
Екипата на Еуро Никел на домашен терен продолжи со победите во Првата лига и ја запиша втората победа, а екипата на Пелистер вториот пораз на второто гостување.
Пелистер е поразен во Кавадарци со 91:69, во натпревар во кој “пелистерци“ беа подобри во првата четвртина која ја добија со 27:19. Потоа следуваше втората четвртина во која се реши и натпреварот, односно победникот кога домаќините постигнаа 32 коша, а Пелистер само 15.
И по одморот во третата четртина се Еуро Никел продолжи со ефикасноста и постигна нов 28 коша, а Пелистер со 12 не можеше да направи ништо повеќе. Последните десет минути беа само формалност.






