Press "Enter" to skip to content

30 години група “Боеми“, невообичаена аудио-прес конференција (фотогалерија)

-Невообичаена прес-конференција, мал концерт, на  “боемите“  кои започнаа со песната “Старо друштво пак се збрало“, а за трите децении постоење зборуваа новинарот Виолета Хаџи Стерјева, адвокатот Емил Главинче и фудбалерот Митко Стојковски, како и членовите на “Боеми“.

-По повод јубилејот, “Боеми“, октомври го прогласија за нивни месец, со многу концерти и промоција на нова песна.Денес во ресторанот “Грне“ на “Магнолија“ се одржа прес-конференција на која битолската група “Боеми“ ја одбележаа 30 годишнината од формирањето на групата и се присетија на почетоците, фестивалите, песните, анегдотите и на сето она што ја одбележа нивната триесет годишна кариера.По изведбата песната “Старо друштво пак се збрало“ и уводните зборови на Зоран Милошевски, за трите децении постоење зборуваше новинарката, Виолета Хаџи Стерјева.Потсетувајќи се на годините постоење, фестивалите, случувањата… рече:-Како новинар на поранешен “Екран“ морам да кажам дека не знаев за концептот на ова наше денешно дружење, кое како и секогаш е “несериозно“ со “Боеми“. Но, сакам да кажам дека, повеќе ќе зборувам приватно отколку професионално. За разлика од голем дел од публиката, која ги запознаваше на фестивали, јас ги запознав на сцената во хотелот “Силекс“ во Охрид, кога започнуваа во 1990-91 година, кога се случи љубов на прво слушање. Се гордеам дека препознав во нив битни фаци, овие кои се денес тука. Но, ниту тие се пофалија со мене, ниту јас им простував за нивните промашени рефрени. Само ќе потврдам дека секогаш биле професионалци, кои знаеле каде им е местото, и додаде:-Мене лично ми е криво што сега овој бренд “Боеми“ не е сопственост на Македонија, туку е само на Битола,  а драго ми е што Битола, ги чува нив.В.Х.Стерјева понатаму зборуваше за случувањата на фестивалите, за анегдотите, за дружбите и за секој од поставите во “Боеми“. За битолските почетоци на “Боеми“ зборуваше, адвокатот Емил Главинче, кој меѓу првите ги ангажирал, а им бил и правен советник.-Ми е мило што можам да се пофалам дека сум меѓу првите битолчаани кои ги ангажиреле “Боемите“, уште на нивните почетоци кога немаа ни име, Панскиот, Столе, Стево и Тони, на кршевка кај брат ми. Но, потоа ги повикав и заедно го славевме раѓањето на син ми Борислав, во кафулето “Јуниор“, кај Шулцот, а таа дружбе е се досега. Нивната музика остави длабока трага кај мене, а се надевам дека и кај сите битолчани, кои знаат што е градска музика. Иако имаа многу кадровски промени, секогаш се исти и такви ќе останат.Панскиот за групата “Боеми“ и поводот за собирањето рече:-Започнавме со работа во 1989 година, како група која ќе ја негува староградската песна, но и се трудевме да оставиме и нешто автентинтично како трајно богатство. Тоа се случуваше со учеството на фестивали, многу непосредни контакти со публиката, како што е и денешното. По повод 30 гиодини постоење, ќе имаме месец на “Боеми“, а цел октомври ќе свириме и пееме на различни локации во градот, во ресторани, дискотеки… одосно нема да имаме класичен концерт. Да се биде 30 години во кондиција, значи само едно, ние имаме многу доверба меѓу себе и покрај разликите во годините на членовите, но имаме големо самопочитување, кој додаде дека името “Боеми“ им е од нивниот другар, Диме, кој сега е во Австралија.Столе по повод големиот јубилеј рече дека идејата за група била од мандолинскиот оркестар под диригентстрво на Живко Пармаковски, кој, како рече, ги поттикнувал на дружење. Се дружеле кај него дома, кај Стево, а тој, Панскиот, Тони и Стево се одлучиле дружењето да го продолжат од мандолински во нова форма, во музичка група, која потоа станала “Боеми“.Со многу емоции зборуваа поранешните членови на “Боеми“, Мендерес и Пауно, кои немаа зборови за да кажат се за тоа како поминувале заедно, но побараа од сегашната постава, да ги бара и да ги вика на вакви настани и понатаму, посакувајќи им на групата уште неколкупати по триесет години.Стевче, за идното, ново време на “Боеми“ рече:-Јас не сум најмлад член, бидејќи во “Боеми“ има и помлади членови. На се она што се кажа претходно, ќе додадам дека продолжуваме со истиот стил на градска музика кој е прифатен од битолчани. За тоа како “Боеми“ понатаму, ќе кажам дека за две-три недели ќе промовираме нова песна, на текст на Мерковски, чиј автор сум јас. Со новата концепција ќе се освежиме на радост на нашата верна публика, која го очекува. Ќе бидеме повторно боеми, но во поново и помодерно време.Поранешниот фудбалер на Пелистер интернационалецот, Митко Стојковски, со многу емиции и солзи, се присети на почетоците на “Боеми“ во хотелот “Силекс“. Честитајќи им јубилејот, Митко, рече:-Кога се зборува за почетоците на “Боеми“ морам да потсетам на “Силекс“, кога бевме заедно со нив, како млади фудбалери со еден прекрасен човек, кој морам да го споменам, прерано починатиот, голманот, Петар Милошевски. Поминавме незаборавни моменти, ние како млади репрезентативци, а “Боемите“ како млада група. Нашата дружба продолжи, а јас и Тони Мицевски, ќе имаме изненадување за “Боемите“ на 1 ноември, кога е закажан нивниот концерт, но за тоа тогаш.Највозрасниот член на “Боеми“, Тони, кој исто така го понесоа емоциите на крај додаде:-Сега сум највозрасен во групата, а прекарот, Старото, ми го даде Меднерес уште многу порано. Сакам на крај да им се заблагодарам на нашата публика, без која немаше да бидеме она што сме сега. Им на закажувам на нашите битолчани уште многу заеднички дружења.-И, се разбира, во име на јубилејот – ќе наздравиме, рекоа на крај “боемите“.Текст и фото: Сашо Ристевски