Синоќа “Порта Џез“ беше преполна од љубопитни слушатели кои дојдоа со една цел, да слушнат три инспиративни лични приказни на успех од серијата мотивирачки ивенти на ПРЕДА Плус фондацијата под мотото “И од Битола се може(и)”.
Прва пред присутните настапи Весна Иваноска, генерална менаџерка на Сеавус – едукативен и развоен центар. Таа на присутните им кажа интересни мигови од нејзината кариера кога носела одлуки според личните убедувања дека може да направи многу повеќе од она за што секој просечен жител на нашата држава е убеден дека може. Одлучува да ја промени професијата за денес да биде директно вклучена во креирањето на образованието на новата ера во регионот. Со нејзиниот тим, таа пишува нови приказни, менува животи, ја дизајнира иднината.
Полексена Јанкуловска – по професија економистка, со специјалност за е-маркетинг, со завршен мастер на Шефилд, а со работна позиција безмалку 10 години прв човек на маркетинг тимот на “Бимилк“ – компанија која одлично успева да ја раскаже својата бренд приказна присутните ги инспирираше со тоа како може од 0 да се стартуваат добри проекти, како верува во тоа дека треба да се цели високо, но да се стои цврсто на земја. Зборуваше и за својата хуманитарна ангажираност за подобро општество.
Верица Јорданова од порталот “Иновативност“ го објасни значењето на водење бизнис без имање на канцеларии. Зборуваше за тоа како го стартуваше нејзиниот бизнис во време кога беше несвојствено да се зборува за нови иновативни идеи. Ги мотивира присутните да размислуваат дека малите компании го движат прогресот, нивните креативни и иновативни идеи се моторот на стартап и претприемничката сцена.
Овие три успешни жени го потврдија ставот дека “Таа може”, а радуваше мешовитата публика која беше скоро едногласна дека не постои јаз помеѓу ставовите колку жените можат да бидат успешни во бизнисот. Очекувањата се секогаш дека тие успеваат. Бројни прашања беа поставени на нашите гостинки, а нетворкингот продолжи и после завршувањето на официјалната програма.
Очекувајте не во ноември со новиот настан кој наскоро ќе го најавиме, а до тогаш следете не, ние секојдневно Ве инспирираме на успех.

“ПРЕДА плус“ фондацијата, продолжува да мотивира (фото)
More from БитолаMore posts in Битола »
- 36 години традиција, одбележан Св. Атанасиј денот на берберите и фризерите од Битола (фотогалерија)
- Концерт во Битола на Сефедин Бајрамов “Прстен за неа“, вечер кога љубовта ќе има глас (фото)
- Деновиве пред 10 години: Претседателот Иванов и Битола домаќини на светската дипломатија (фотогалерија)
- Битолчани на слава на манастирот “Св. Атанасиј“ кај месноста Смолево над Битола
- Општина Битола: следната сезона домот на Копанки ќе ги отвори вратите за посетителите





