Сениорската екипа на Топ гол во рамките на 16/финале од Националниот куп оствари висока победа против екипата на Борец.
На градскиот стадион во Велес во прекрасни услови за игра битолчанки со конечен резултат оод 8:0 ја совладаа домашната екипа и се пласираа во следната фаза од ова натпреварување.
Головите за Топ гол ги постигнаа Петровска и Гелевска по еден, Бумбаровска два и Јанковска стрелаше на четири пати.
-Честититки до моите фудбалерки и стручниот штаб за победата и пласманот во следната фаза.Оваа победа ни ја зацврсти самодовербата и го подигнавме мотивот на повисоко ниво. Интересно е што следното коло во првенството играме повторно против Борец на гостински терен па ќе мора да ја повториме истата игра, iзјави Кире Грбевски тренер на Топ гол.
За екипата на Топ Гол настапија: Салиевска, Бумбаровска, Нешковска, Гоцевска, Јанкоска, Петовска,Николовска, Талевска, Гелевска, Јанковска, Миленковска уште играа Митаноска, Размовска и Гарабиљевиќ.






