Press "Enter" to skip to content

Трибина “Ротари во мисија на искоренување на полио (детска парализа)“ (фотогалерија)

Ротари клубот “Битола Широк Сокак“  организира трибина по повод одбележувањето на Меѓународниот ден на борба против детската парализа, 24. Октомври во соработка со Болницата “Плодност“ и здравствениот дом “Д-р Хаим Абраванел“.Вечерва во кафе-клубот “Порта Џез“ се одржа трибина насловена “Ротари во мисија на искоренување на полио (детска парализа)“, која Ротари клубот “Битола Широк Сокак“ ја организира по втор пат, по повод одбележувањето на меѓународниот ден на борба против детската парализа, 24. Октомври, во соработка со ЈЗУ здравствен дом “Д-р Хаим Абраванел“ и болницата “Плодност“.Гости и говорници на трибината беа д-р Аница Апчевска од болницата “Плодност“ и д-р Ирена Петровска- Блајбершник од Здравствениот дом “Д-р Хаим Абраванел“, кои од медицински аспект објаснаа што значи оваа тешка и заразна болест и што се се прави и треба да се прави за нејзино искоренување.-Двете наши гостинки, и соговорнички, ќе споделат со вас факти и податоци кои е потребно сите ние да ги знаеме, со цел да се заштитиме од оваа тешка болест, рече во уводниот дел Моника Марковска.Двете гостинки дадоа искрпно излагање за оваа болест, причините, симптомите, начинот на лекување и последиците, а потоа одговараа на прашања на гостите.Дали има истражувања кои докажуваат дека вакцините не се причина за предизвикување на одредени заболувања, дали причината за аутизам кај децата се појавува од одредени вакцини, кои се можните контариндикации од вакцините, дали доколку не се донесеа мерки за задолжителни мерки за вакцинирање, епидемијата во Македонија би можела да добие поголем размер, беа прашањата на кои одговараа гостинките.Аница Апчевска и Ирена Петровска- Блајбершник по завршувањето на трибината, во неформалниот дел им дадоа и препораки на младите родители кои се во дилема дали нивното дете треба да биде вакцинирано или не.Пред почетокот на официјалниот дел на трибината и излагањата младите  наши сограѓани, членовите на детскиот хор “Ѕвончиња“, под диригентство на професорката Марина Коруновска, испеаја три песни пред присутните.Ротари клубот “Битола Широк Сокак“ и понатаму останува на определбата да дава свој придонес во искоренување на оваа тешка болест, но и да ја подигнува свеста кај населението за неопходната потреба од имунизацијата.Инаку, меѓународната организација Rotary International и мисијата на Rotary во искоренување на детската паразлиза во светот e бизнис организација на професионалци обединети низ целиот свет кои обезбедуваат хуманитарна помош, поттикнуваат високи етнички стандарди во сите професии и помагаат во изградбата на добра волја и мир во светот во повеќе од 200 земји и географски региони.Ротари клубот “Битола Широк Сокак“ е дел од меѓународна светска организација “Rotary International“ го дава својот придонес во правец на едукација на населението, родителите и заедницата за неопходноста од имунизација – вакцинирање со сигурни и ефикасни вакцини, со цел спречување на заразување со  Poliomyelitis, полиовирус, вирусот кој ги напаѓа децата на возраст под 5 години.

More from БитолаMore posts in Битола »