Press "Enter" to skip to content

Прв едукативен фестивал “Artissimus“ во организација на “Korunovska music & singing“ (фото)

Во преполната сала на Заводот и Музеј се одржа првиот “Artissimus“ фестивал, за кој организаторот Марина Коруновска, вели дека фестивалот се случи по 5 години работа, во која имале 1о концерти и успешни вокални работилници.Првиот едукативен фестивал “Artissimus“ на својот почеток имаше 20 учесници, кои покажаа дека се талентирани и дека вреди да се вложува во нив во иднина.На фестивалот настапија: Давид Којдовски, Јане Петровски, Илина Момировска, Мануел Топаловски, Стефан Георгиевски, Ана и Каја Гацовски, Фотина Наумовска, Мила Коруновска, Александра Дрогришка, Елена Мурговска, Емилија Милошевска, Марија Магдалена Башуровска, Јулијана Милошевска, Бојана Мешевска, Елена Василевска, Матеја Стевановска, Иван Петровски, Ива Спасевска, Симона Сиљановска, Мила Николовска и Андреј Стевановски.Сите учесници беа придружувани од “Artissimus band“ и детскиот хор “Ѕвончиња“.Се одлучивме за ваков начин на промоција на нашата работа и талентот на децата рече професорката по соло пеење Марина Коруновска, која додаде:-Овие деца кои пибликата ги виде на сцената воопшто не заостануваат од децата кои се натпреваруваат во разни шоу програми, а единствената предност над вие деца им е тоа што зад нив стојат големи екипи.Коруновска додаде и дека мотото на “Korunovska music & singing“ е “Ние децата не ги избираме, ние ги развиваме сите“, а тоа го докажал и овој прв едукативен фестивал.