Press "Enter" to skip to content

Општина Битола ја објави програмата за 4-то Ноемвриските прославувања

Општина Битола ја објави програмата за прославување на Денот на ослободувањето на градот, 4-ти Ноември, а свеченото доделување на наградите по тој повод, за годишни остварувања и за животно дело ќе се случи в понеделник, на 4 ноември, во 19 часот, во Народниот театар во Битола.Свеченостите ќе започнат на 1 ноември, петок изложба во Библиотеката во 18 часот, а во 19 часот ќе биде доделувањата на наградите на “Камера 300“.На 2 ноември ќе се одржи традиционално ќе се одржат шаховките турнири за младинци и слепи лица. Недела, 3 ноември е резервирана за спортските настани. Најпрво ќе се одржи велосипедскат трка во Градскиот парк, а ноќната атлетска трка по Широк Сокак во организација на Сојузот на спортови од Битола, ќе започне во 18 часот. Ќе има оф-роад кај Смолево со џипови и куглање, градско првенство.На 4 ноември свеченостите ќе започнат со прием на борците од страна на градоначалничката, ќе се полага цвеќе, а потоа ќе се потпише повелбата за збратимувањето на Битола со Измир, Турција.

More from БитолаMore posts in Битола »