Press "Enter" to skip to content

Совети од нутриционист: како до подобар имунитет при промена на годишното време

Како да го заштитиме сопственото здравје и на кој начин да го зајакнеме имунитетот при
менување на годишното време?

Пред се, треба да направиме имунизација и акумулација на витамини во организмот за да се заштитиме од вируси, настинки, преку внесување на овошје кое содржи поголемо количество на витамин Це и продукти со високи нутритивни вредности.

Овде спаѓаат лимони, цитрони, портокали и друго киселкасто овошје како јаболката за подобра апсорбација во организмот.

Исто така, пожелно е да се конзумираат производи кои ја балансираат температурата во човековото тело како што се оние со повисоко ниво на масти, како и топли напитоци.