Битолскиот меѓународен ракомерен судиски пар Димитар Митревски и Благојче Тодоровски денес ќе судат натпревар од ракометната Лига на шампиони, по делегирањето од страна на ЕХФ.
Битолчаните Митревски и Тодоровски ќе ја делат судиската ракометна правда на дуелот во Швајцарија, меѓу Кадети Шафхаузен – ГОГ Гудме, од “Ц“ групата, вечерва во 20,15 часот.
Вечерашниот дуел ќе биде втор во оваа сезона на ракометната елита, а претходно, Митревски и Тодоровски судеа на мечот меѓу Висла Плок и Кристијанштад.






