Press "Enter" to skip to content

Наградата за животно дело на Битола, годинава, за Благој Стефановски-Баге

Управниот одбор за доделување на наградата 4. Ноември, кои се доделуваат по повод Денот на ослободувањето на градот, 4 ноември, одлучи годинашнава награда за животно да му припадне на Благоја Стефановски-Баге.

Благоја Стефановски-Баге за оваа награда беше предложен од Народниот театар од Битола.

Инаку, Благој Стефановски – Баге е дипломиран е актер по професија, долгогодишен прв човек на Народниот театар од Битола, поранешен министер за култура, основач на Малиот театар, претседател на меѓународни театарски асоцијации и селектор на театарски фестивали, а долги години бил член на Управата на ракометниот клуб Пелистер, негов претседател, а бил и во Управата на РК Еурофарм Работник.

Стефановски беше министер за култура и пратеник во Собранието на Република Македонија.