Press "Enter" to skip to content

Бутик “Ивет“ од денес на нова локација, на Широк Сокак (фотогалерија)

Сабота ден за кафе шема на Широк Сокак,но исто така и ден за шопинг или т.н. разгледување „по бутици“. Многу балони во пастелни розе тонови го привлекоа вниманието на оние кои саботно шетаа низ битолските бутици и  сакаа да ја обноват својата гардероба со  потопла облека или со ново тренди парче од новата сезона есен/ зима.Заради тоа во  бутик “Ивет“ многу од оние кои разгледуваа и купуваа, во текот на целиот ден, битолчанки беа тука.Весна Цветановска сопственичка на “Ивет“ ни рече:-Од денес бутик “Ивет“ на нова локација и за мене ова означува еден вид ново отварање и нов почеток. Бутик “Ивет“ заслужува да биде на ваква примамлива локација и се надевам дека ќе има и голем број задоволни муштерии од нашате понуда. Изненадена сум од големиот број на оние кои купуваат, можеби како за прв ден да тргне со среќа, но морам да кажам дека и нашите цени се пристапни, а и денес понудивме попуст, за оние кои купуваа, а за тоа што ќе им понудат на битолчанки додава:-Ќе се трудиме da им понудиме на битолчанки тренди, модерна и пред се квалитена облека. Многу обрнувам внимание на материјалите при набавување на гардеробата. Се трудам да бидат природни.Битолчанки денес најповеќе се интересираа за новата колекција на палта кои денес сите први ги забележуваа и купуваа, а составот на матријалите  кашмир, волна и вистинско крзно.Но, има  голем интерес  за фустаните кои ги има во различни стил, дезен и материјал. Тренд за оваа сезона фустани  од плиш, еднобојни и дезенирани. Посетете го бутик Ивет да се облечете за сезоната убаво и топло, а тука сме за сите битолчанки  за да  одберат  права и вистинската модна комбинација спрема сопствениот стил.

Ж.Ристевска