Press "Enter" to skip to content

Две промоции на книги и една изложба во Магазата (фото)

Синоќа во Магазата беше промовирана книгата “Попатни паралипомени“ на авторот д-р Александар Литовски, во која се “сместени“ публикувани текстови од рецензии и осврти, јавни настапи за промоции…-Се работи за текстови кои во подолг временски период се творени, затоа што некои се јавни настапи или јавна реч за некои книги кои се промовираа во Битола од познати битолски автори, рече Литовски за своето дело, кое го промовираше Роберт Алаѓозовски.По првата се одржа и втората промоција, на книгата д-р Роберто Трајковски, „Вермахтот и Егејскиот дел на Македонија 1941-1944 година“, се разработени повеќе воени-политички теми во врска со дејствувањето на Вермахтот во Егејскиот дел на Македонија и некои одрени воено-политички мерки на Третиот Рајх.Исто така во Магазата беше отворена и изложбата насловена “Битолските Евреи во македонското партизанско движење“ од  д-р Александар Манојловски и д-р Александар Литовски.

More from КултураMore posts in Култура »