Press "Enter" to skip to content

На иницијатива на Митко и Тони изненадување за “Боеми“ од ветераните на Пелистер (фотогалерија)

Групата “Боеми“ како и најави продолжи со концертите во живо низ битолските кафеани и дискотеки, а вечерва концерт имаа во ресторанот “Грне“ на “Магнолија“.Преполниот ресторан и одличната атмосфера која знаат да ја направат “Боемите“ беше надополнета со изненадувањето кои им го приредија фудбалските ветерани на Пелистер.Иницијативата на Митко Стојковски и Тони Мицевски, вечерва ја исполнија ветераните на Пелистер, кои на членовите на групата “Боеми“ им подарија комплет дресови на Пелистер, кои на грбот го имаат бројот 30 што го означува јубилето на “Боеми“, а секој член доби и дрес со негово име.-Ние сме со “Боеми“ триесет години од 1989 година и со нив сме ги поминале можеби најрадосните моменти на секој од нас со семејството. Им подаривме мал подарок од нас, зелено-бел дрес на кој се нивните имиња и грбот на Пелистер, од каде сите ние фудбалски потекнуваме. Им го честитам јубилејот во мое име и во име на сите кои сме тука, рече Митко Стојковски.Тони Мицевски 30 роденден на “Боеми“ им по честита на негов, како и секогаш, оригинален начин. Тој со Столе заедно ја отпеаја песната “Ако одам во Битола“, кој како рече дека сите тие посебно ја сакаат.-Во било кој град и земја да сме настапувале, секогаш Битола ни била во срцето, а оваа песна сите кои сме играле надвор од Битола, секогаш сме ја пееле, рече Тони.Вечерва во “Грне“ во “тимот“ не ветераните покрај Митко и Тони беа Дуци Цветковски, Мане Секуловски, Сашо Петровски, Кире Грозданов, Златко Деловски…“Боемите“ се заблагодарија на пријатното изненадување, кои беше и изненадува за сите во ресторанот, а потоа забавата “Боемите“ ја продолжија во зелено-белите дресови, а како рекоа дека е можно со ова друштво да завршат на утрински бурек.

Текст и фото: С. Ристевски