Денеска во градскиот парк, во рамките на одбележувањето на Денот на ослободувањето на Битола, со трката на основците започнаа спортските активности спроти 4. Ноември.
На трката, чиј организатот беше велосипедскиот клуб 15-Мај се појавија ученици од основните битолски училишта, околу стотина, а нивниот број како рече организаторот, тренерот Африм Јусуфи, имале и повеќе пријави, но поради безбедност на учесниците бројот беше ограничен.
Се возеше во четири трки, шесто и седмо и осмо и деветто место, во машка и женска конкуренција, а за најдобрите без обезбедени дипломи и медали.
Трката ја отвори заменик градоначалничката Емилија Костурска, која и додели дел од наградите.
Технички организатор на трката беше Велосипедскиот клуб 15-ти мај од Битола, а трката е во календарот на Велосипедската федерација на Македонија, а се одржа со поддршка на Општина Битола, Сојузот за училишни спортови и Сојузот на борци.

Втора круг вело-трка во градскиот парк (фотогалерија)
More from СпортMore posts in Спорт »
- Соопштение на навивачката група “Чкембари“
- Еурофарм Пелистер со домашна победа против Прилеп
- Пораз на Пелистер од Битола во судиска режија во куп-драмата во Куманово
- Отворена фото-изложбата на спортски фотографии на Дамијана, Аце, Ацко и Дејан (фотогалерија)
- Вторник по 62. пат избор на спортист на Битола, вечерва изложба на спортски фотографии





