Press "Enter" to skip to content

Драма од 2 часа и 30 минути, одбојкарките не заслужија пораз (фотогалерија)

Пелистер Волеј – Универзитет Тетово 2:3

(26:24; 14:25; 19:25; 25:17; 14:16)

Во рамките на првата државна лига на Македонија, во салата на Медицинското училиште се одигра 3. коло, во кое екипата на Пелистер Волеј е поразена со 2:3 по сетови, во натпревар во кој победата ја заслужија, но ја изгубија на крајот од натпреварот по едно невнимание кои ги кошташе пораз.Сите кои беа во салата 2 и пол часа уживаа во одлична одбојка, а тренерот Роберт Митковски по завршувањето рече:
-Неверојатна игра, многу пресврти, борба на двете страни. Прв сет во кој се извлековме во самиот финиш и со кој први ја израдувавме нашата публика. Убаво започнавме во вториот и само што помисливме дека се ќе се одвива во посакуван правец се пробудија гостите и ни нанесоа тежок удар за израмнување. Во третиот сет продолживме со лоши сервиси во кој имавме дури 11 сервис грешки, нешто што не било случај до сега за нашата екипа, па од тука и чудо е што освоивме 19 поени, недоволни за нов пресврт. Четвртиот сет одигравме како по ноти и дојде израмнувањето.За последниот одлучувачки сет Митковски додава:-На стартот на петтиот сет не ја искористивме психолошката предност и гостите повредија со 4:0, а на промена на страните отидовме со високи 8:4 за гостите. Беше и 13:07 за Универзитет Тетово, но по фантастичната серија за Стефани Најдановска со сервис и со нападите на Ана Пејовска израмнивме на 13:13. Беше и 14:14 но ние загубивме.Што друго да се кажи освен што можи само да жалат за пропуштената шанса. Но, не и за играта и борбеноста на екипата, на која сеуште и фали искуство, но не и желба за надигрување што е едно ново лице на Пелистер. Убава енергија и фантастична атмосфера, вистинска фамилија на терен.Лидери во освоените поени денес беа Ана Пејовска 21 која беше рамо до рамо со Стефани Најдановска 20, а тие две донесоа повеќе од половината од вкупниот број на поени и направија најмалку грешки, Ана 7 Стефани само 1.Поените ги освоија: Ана Пејовска 21, Стефани Најдановска 20, Изабела Димовска 10, Ева Трпеновска 10, Ивана Белокозовска 6, Јана Василевска 3 и Тамара Жабјановска 1.