Press "Enter" to skip to content

Битолчанецот, Иван Крстевски најдобар на завршниот натпревар во гимнастика (фото)

Завршниот натпревар во спортска гимнастика се одржа на 3. ноември во КГС Партизан  во Битола и мина во знакот на битолчанецот Иван Крстевски.

Димпломи и признанија добија за успешниот настап и младите гимнастичари Марко Димовски и Стејанче Дамчевски.На завршниот натпревар од “А“ и “Б“ групата во машка конкуренција учестуваа педесетина гимнастичари од сите клубови од Македонија. 

И овој пат беше демонтрирана квалитетна гимнастика, што говори за напредокот на овој спорт кај нас.

Претседателот на ФГСМ, Љупчо Арнаудов истакна дека со овој натпревар завршија гимнастичките натпревари во Македонија и дека до крајот на годината ќе се одржи и последната манифестација, изборот на најдобрите гимнастичари за оваа година.

Д.М.