Press "Enter" to skip to content

Вељаноска и Димовски победници на градското кугларско првенство (фото)

Во кугланата на КК Пелистер се одржа градското првество во куглање кои оваа година се одржува по втор пат по прекинот кој го имаше во организирањето.На првенството во финалето кое се одржа синоќа се натпреваруваа по 12 куглари во машка и женка конкуренција, или вклупно 24 битолски куглари.

Во женска конкуренција победи Андреа Вељановски со вкупно 959 соборени дрвца во двата дена, а второпласирана е Ана Марија Вељановска со 899, а на трето место е Ивана Талевска со исто толку соборени дрвца, помалку во вториот ден.Во машка конкуренција победи Пецо Димовски со 1.032 соборени дрвца во двата дена, второпласиран е Цане Колев со 1.025, а на трето место е Цане Поповски со 1.015 соборени дрвца.

Наградите ги доделија Наташа Петровска – Градоначалник на Општина Битола и група на советници од Советот на Општина Битола, а првенството е во рамките на 4-то ноемвриските празнувања.