Press "Enter" to skip to content

Градоначалничката Наташа Петровска со честитка до сите свои сограѓани

Битола, денес одбележува 75 години од ослободувањето на градот од фашистичкиот окупатор во Втората светска војна. 

Градоначалничката Петровска, испрати честитка до сите свои сограѓани, притоа нагласувајќи ја важноста на нашето денешно делување за иднината на сегашните и генерациите кои доаѓаат:

-Денес е празник кој што многу ни значи, заради тоа што, денешницата ја имаме токму заради тие луѓе којшто ја извојуваа победата во едни тешки времиња. Нека ни е честит празникот 4. Ноември и нека ни се множат уште многу години. Да сме здрави, живи и исполнети во нашите срца“, изјави Градоначалничката на Општина Битола, м-р Наташа Петровска.