Press "Enter" to skip to content

Доделени наградите “4-ти Ноември“, плакета за животно дело на Благој Стефановски-Баге (фотогалерија)

Покрај наградата за животно дело беа доделени и наградите за едногодишни остварувања кој им ги врачи градоначалничката Наташа Петровска, а годинава за прв пат беа доделени и пет награди на млади битолчани.Вечерва на Свечена академија која се одржа во Народниот театар, пред голем број на битолчани и гостите од збратимените градови, во присуство на вицепремиерот Радмила Шеќеринска, како претставник на извршната власт, беа доделни наградите “4-ти Ноември“ по повод Денот на ослободувањето на Битола.На Академијата беше присутни и министерот за локална самоуправа Горан Милевски, заменик министерот за образование Елизабета Наумовска, пратеникот Александар Кирацовски, поранешни градоначалници на Битола и претседатели на Собрание на Битола, директорот на РЕК “Битола“ Златко Ќурчиевски, советници, бизнисмени…Добитниците на наградите ги соопшти претседателот на Одборот за доделување на наградата “4-ти Ноември“ Валентон Грувски, кој ги прочита и образложенијата според кој на добитниците им се доделени наградите.Наградата за животно дело му беше врачена на Благој Стефановски – Баге, актер, а во образложението Груевски, го наброја успесите на Стефановски, додека бил директор на  Народниот театар во Битола, успесите на театарските фестивали на НТБ и малиот театар, како и успесите кои ги постигна ракометниот клуб Пелистер додека бил на чело на клубот или во негова управа, како и други успеси во неговиот работен век и додека бил пратеник и министер во Владата на Македонија.Пред доделување на наградите наместо осврт на тоа што градоначалнилката Петровска и нејзиниот тим го сработиле во оваа измината година, а беше прикажан документарен филм за сите проекти кои се завршени, за оние кои се во тек на изведба и за планираните.Потоа градоначалничката Петровска им ги додели наградите и честита на добитниците.Годинава беа за прв пат беа доделени и наградите за најмалите битолчани кои успешно се претставиле себе и Битола на меѓународни натпревари или на домашна сцена.Во забавниот дел, по официјалниот, настапи групата “Фонтана“.  Пред свечената академија на НТБ музичко претставување имаше камерниот оркестар на Средното музичко училиште.

С.Р.