Битола, денес одбележува 75 години од ослободувањето на градот од фашистичкиот окупатор во Втората светска војна.
По тој повод на борците од НОБ им беше оддадена почест со положување на цвеќе пред спомникот на НОАВМ пред Центарот за култура во Битола, каде покрај градоначалничката Петровска, претседателот на Советот, Валентин Груевски, советниците во Советот на Општина Битола, заменик градоначлникот Емилија Костурски и претставници на Сојузот на борци.
Цвеќе положија и делегации од збратимените градови: Епинал и Херцег Нови, како и делегација од пријателската Општина Конак од Измир, Република Турција, со која наскоро ќе следува збратимување.
Свежо цвеќе беше положено и пред споменикот на Народниот херој Стив Наумов и на Партизанските гробишта во Битола.
Претходно се одржа прием на делегација од Општинскиот одбор на Сојузот на борците во кабинетот на градоначалничката Наташа Петровска.
На средбата се разговараше за повеќе важни теми кои се однесуваат на заштитата на културно – историските споменици и спомен обележјата подигнати во чест на загинатите борци, како и за повеќе активности во оваа насока кои ќе следуваат во идниот период, а се однесуваат на оддавање достојна почит на оние кои ги положија своите животи за денешната слобода на Битола.






