Press "Enter" to skip to content

Хуманиот гест на пилотот Васко Михалчев награден со аплаузи

Добитникот на наградата 4. Ноемри, за едногодипни остраврувања, битолскиот пилот Васко Михалчев, по добивањето на наградата, на говорницата на НТБ рече дека паричниот дел од наградата, во висина од 15.000 денари, ќе додели во хуманитарни цели.

-Сакам јавно да соопштам дека паричниот дел од наградата ќе го подарам на Домот за доенчиња и мали деца во Битола, рече пилотот Михалчев, за што од сите присутни во салата доби, заслужен, долготраен аплауз.

Тој на говорницата им се заблагодари на битолчани за доделената награда, но како рече посебно му се заблагодарува на членовите на битолскиот аеро-клуб “Мирко Тодоровски“, без кои како рече не би бил она што е денес.

Васко Михалчев е пилот на авион канадер, кој учествувал во гаснење на 90 пожари низ цела Македонија, а поради храброста од некои мештани каде помагал во гаснењето на пожарите е нарече херојот од Битола.