Press "Enter" to skip to content

Во кафе “Радост“, бедемот на авангардната култура, културно ослободување на Битола (фото)

По повод 4. Ноември, Денот на ослободувањето на Битола од фашистичката окупација, во кафулето “Радост“ во центарот на Битола, низ спет на разни уметнички дисциплини во саботата на 2 ноември со почеток од 18 часот па се до полноќ се одбележа Денот на ослободувањето на градот.

-Ова неформално уметничко чествување на празникот, во бедемот на авангардната култура во Битола, кафулето “Радост“ преку зближување на создавачите и конзументите на уметности имаше за цел на денот на ослободување на Битола да допринесе за културно ослободување, рушење на предрасудите и зближување на уметници од разни гранки од една страна и конзументите или публиката за која и се ствара таа уметност од друга страна. Фестивалот се одржа под мото “Уметност од сите, за сите!“. Нека ни е слободна Битола, ама нека ни е уште послободна мислата, рече Игор Трајковски – Фоја на отворањето на фестивалот.Фестивалот содржеше презентирање на дела кои се работени или инспирирани или пак прикажуваат некои елементи од Истокот (се мисли на Азија- Кина) или Западот (се мисли на УСА- Америка). Уметниците се споиа со публиката и под мотото. “Уметност од сите, за сите“ се одвиваше целото ова уметничко дружење.

Присутните ги слуша “Saund Waves Band“ од Битола и имаа можност да присуствуваат на промоција на песната со видео запис “Мојот Пат“, а потоа имаа и настап во живо.Публиката присуствуваше и на промоција на книга, во склоп на настанот “Иднина во минатото“, слики и Спомени од Шенжен Кина на авторот, Игор Трајковски Фоја. Книгата преставува колаж од фотографии, поточно едно објективно *(Објектив / Фотоапарат / Маханичко око) видување на авторот на амбиентите од Шенжен Кина. Тука и таму провејуваат текстови кои воопшто не се поврзуваат со наративот на самата книга. Системот „Слики и Спомени“ е инспириран и превземен како таков од литературни дела кои имаше можност авторот да ги сретне во „МЕГА“ книжарниците во Шенжен-Кина. Фотографиите сами по себе се поместени во 5 поглавја, а едниствен критериум за тоа е естетскиот критериум.Дизајн на храна беше уште една дисциплина која ја спои публиката со креаторите преку послужување на традиционален кинески ручек и послужување на традиционален амерички начин.

Пред кафулет “Радост“, во улицата цртаа графити Александар Јанакиевски (реплика на зграда од Шенжен – Кина) и Александар Ботовчанон (реплика на статуа на слободата Њујорк.Аудио и видео ефектоте на фестивалот беа на Дамјан Везеновски, а изложба на младата ликовна уметница Ангела Грашиновска, под наслов “Euforija is her middle name“, техника “Молив на хартија“.

Ж. Ристевка

More from КултураMore posts in Култура »