Press "Enter" to skip to content

Денес СЕХА лига во Битола, Еурофарм Работник домаќин на Мешков Брест (видео + фото)

Денес во спортската сала “Боро Чурлевски“ со почетококмво 19 часот, започнува натпреварот од СЕХА Лигата од групата “Ц“, каде Еурофарм Работник ја пречекува екипата на Мешков Брест.

На задолжителната прес-конференција пред натпреварот зборуваа тренерто Алушевски и капитенот Гоце Ојлевски.

Стевче Алушевски за денешниот натпревар рече:-Според најавите, ни доаѓа шаренолик состав на Мешков Брест, но и ние имаме свои проблеми. Повредени се Маркоски, Кукоски, Вегар, а на загревањето во Прешов се повреди и Граџан. Практично сме со само еден кружен напаѓач, но тие кои ќе настапат, верувам дека ќе дадат максимум. Ќе биде неизвесно, но верувам дека со нашиот максимум ќе се радуваме на четврта победа. Ова за нас е меч топка за што подобар пласман и подобра стартна позиција напролет. Се надевам дека сите ракометарите ќе го сфатат натпреварот максимално сериозно и на крајот ќе се радуваме.

Со три победи и два порази, Еурофарм Работник добро котира на табелата во групата “Ц“ на СЕХА лигата, а прва шанса за нова победа е дуелот со Мешков Брест.

Капитенот Гоце Ојлески за вечерашниот натпревар рече:

-По загубените шанси во Лигата на шампионите, имаме многу подобра ситуација во СЕХА лигата. Играме добро во ова натпреварување и зошто тоа да не продолжи и понатаму. Знаеме дека Мешков Брест е долгогодишен член на СЕХА лигата, кандидат за висок пласман, па без разлика во каков состав ќе допатуваат, ќе бидат опасни. Ние имаме ситни проблеми со повредени ракометари, но тие кои ќе настапат ќе го дадат максимумот за што е можно подобар резултат.

Како и претходните натпревари Еурофарм Работник со видео-порака ги поканува битолчани да дојдар вечер во “Боро Чурлевски“ и заедно да се радуваат на нова победа.