Press "Enter" to skip to content

Дојдоа со комбиниран состав, однесоа три бода од Битола (фотогалерија)

Еурофарм Работник – Мешков Брест 32:35 (17:18)

Сала: „Боро Чурлевски“ во Битола. Гледачи: 2.000.

Судии: Матија Губива и Борис Милошевиќ од Хрватска. 

Делегат: Камер Металари од Македонија.Еурофарм Работник: Митревски (15 одб.), Чаневски, Ојлески 6, Маџовски, Чурлевски, Стјепановиќ , Радовиќ 3, Шевелев 3, Јотиќ 8, Вегар , Велковски, Остроушко 4, Граџан 5, Ѓукиќ, Кузмановски 2, Петровски 1.

Седмерци: 3/5, Исклучувања: 4 мин.

Мешков Брест: Мацкевич (15 одб.), Усик (1 одб.), Буџејка, Кулак 3, Бачко 6, Јуринок 1, Обрадовиќ 2, Вјархејчук, Пилијук, Дачук, Обрановиќ 1, Селвјашук 7, Валјупов 14, Тамашук 1, Силко , Калистов.

Седмерци: 7/7, Исклучувања: 8 мин.Битолски Еурофарм Работник, во Битола вечерва е поразен од Мешков Брест, кој допатува со комбиниран состав, а не успеа да освои бодови за комотен пласман понатаму. Екипата на Еурофарм Работник не се снајде на домашниот терен, промашија многу шанси за голови, играа слабо во одбрана, а од друга страна го имаа расположениот гостински голман Мацкевич со 15 одбрани и 2 седмерци. По промашувањата на домашните ракометари беше 0:3, а првиот гол го постигнааво 6. минута. Еурофарм Работник намали на -1 (6:7), а потоа во 17. минута и првото изненадување 8:8. Потоа повторно минусно салдо на домашните 8:11, пак израмнување 14:14, за на одмор да се отиде со 17:18, гол предност за Мешков Брест.На стартот на второто полувреме пак -3, а со обраните на Мацкевич, Еурофарм Работник не стигнуваше до израмнување. На средината на полувремето гостите играа околу две минути со 4 играчи во поле, но Еурофарм Работник не стигна да израмни, наместо 27:27, следуваше серија на гостите за 25:30, по што се виде дека бодовите ќе заминат од Битола.Нов проблем за Алушевски беше и повредата на Стјепановиќ, кој не ја заврши средбата, туку беше однесен на болница за санирање на повредата, која според првите сознанија не е наивна.Стевче Алушовски, тренерот на Еурофарм Работник, спортски го призна поразот и рече:-Имавме многу проблеми со играчите кои играат во одбраната, Маркоски и Кукоски поради повреди не можеа да настапат, а Вегар сè уште не е максимално подготвен, па затоа мораше многу да ротирам. Примивме 18 гола во првиот дел, од кои можеби 14 од транзиција, а одбраната во целиот дуел беше под нивото. Не надиграа и не вратија во реалноста. Капитенот Гоце Ојлевски рече дека бркањето на резултатот било клучно за поразот и додаде:-Честитки за победата на Мешков Брест. И на овој меч имавме големи проблеми со повредени играчи, но сепак не одигравме како што договоривме. Одбраната не функционираше и примивме многу лесни голови. Цел натпревар бркавме негатива и тоа како да ни внесе дополнителна нервоза.По оваа средба, по шест кола двете екипи имаат по девет бода. Текст и фото: С. Ристевски