Press "Enter" to skip to content

Билтен на МВР: уапсени кубанци кај Кременица и нападнат малолетник во инетернет клуб

На 05.11.2019 во 11.15 часот кај Железничката станица “Кременица“, Битола, биле лишени од слобода П.Л.А. (29) и Г.Ф.Г. (23), двајцата од Куба, при обид незаконски да ја преминат државната граница. Лицата биле предадени на полициски службеници од СВР Битола за понатамошна постапка.

На 05 ноември во СВР Битола, Т.О. (52) од Битола пријавил дека во интернет клуб
на улица “Елида Караманди“ во Битола неговиот малолетен син бил физички
нападнат од Ф.Р.(20). Се преземаат мерки за расчистување на настанот.