Press "Enter" to skip to content

Игор Михајловски, идеен творец на “Кугламе и сме среќни“, очекуваме 600 полуматуранти во втората сезона (фото)

По успешната сезона на проектот “Кугламе и сме среќни“ деновиве, започна и втората сезона на овој ретко успешен проект на кугларскиот клуб Пелистер и неговиот автор Игор Михајловски, кој е среќен како и новите 150 ученици кои влегуваат во тајните на куглањето.Втора сезона на проектот се орджува во битолската куглана, а идејниот творец на „Кугламе и сме среќни“, Игор Михајловски вели:-Минатогодишниот  собир наиде на голем број позитивни критики не само кај спортската јавност, туку и кај родителите, наставниците, спонзорите, или едноставно битолски да кажам, пофалби доаѓаа од цела Битола. Тоа за нас значеше само едно, и годинава да продолжиме и да им излеземе во пресрет на сите заинересирани ученици. Кога го споменав минатогодишниот  успех, мора да додадам дека од тие млади куглари кои учеа како да куглаат сега имаме и женска екипа која се натпреварува, а на градското првенство кое се одржа пред некој ден имавме и учесници. Тоа за нас како клуб, како тренери, како педагози е голема работа. Со овие активности само ја продолжуваме традицијата на куглањето во Битола, но за жал без куглана во која не можеме да покажеме пред битолчани како се однесуваат овие куглари на официјални натпревари.Првата седмица во “Кугламе и сме среќни“ беа примени  вкупно 143 ученици од деветто одделение од основните училишта “Тодор Ангелевски“, “Гоце Делчев“, “Стив Наумов“, а за тоа како се справуваат со оваа голема бројка, која се очекува да биде поголема Михајловски вели:-Очекувавме ваква голема бројка на ученици,  куглари почетници во машка и женска конкуренција. Но, тоа ни предизвика застој на сите кугларски активности со машкиот и женскиот кугларски клуб, но од друга страна нема поубаво чувство кога толку многу деца куглаат со голем интерес, се дружат меѓу себе и своите врсници и се забавуваат. Во кугланата до доцна во вечерта светат сијалиците и паѓаат дрвцата, се кугла од 15 до 22, а со децата се дел и нивните професори по физичко, а како ќе се одвива годинашната сезона на “Кугламе и сме среќни“, Михајловски појаснува:-Започнавме од нула, со првите базични чекори, а сите ученици со неколку тренинзи веќе можат правилно да ја исфрлат куглата. Од наредната недела ни се приклучуваат учениците од основните училишта “Елпида Караманди“, “Трифун Пановски“ и “Даме Груев“. Ќе ги формираме групите, па потоа продолжуваме со план, а веќе имаме искуство од една година, па ќе воведеме новитети и некои нови тренинзи. Поради големиот интересот во кугларскиот клуб Пелистер очекуваат дека голем број од полуматурантите кои сега тие се уште ги нарекуваат “гостинчиња“, да останат во клубот и да започнат посериозно да тренираат, филозифијата “Кугламе и сме среќни“, полека успеваат да ја пренесеме на битолските деветто одделенци.Инаку, со младите битолчани работат неколку професионални тренери од кугларскиот клуб Пелистер, кои лани го дадоа максимумот од себе и за само една година од почетници успеаја да создадат натпреварувачи кои веќе оваа сезона се натпреваруваат во Првата лига на Македонија.Идејниот творец Михајловски, тренерите и сите кои се вклучени во годинашаната спортско-рекреативна активност во клубот очекуват дека околу 600 ученици од основните училишта од Битола и битолско бесплатно ќе можат да куглаат наредните три месеци во битолската куглана, на кои со бројни активности кои ќе го доближат овој спорт. Селекција ќе се врши во два наврати, со што ќе се одберат оние ученици кои ќе покажат најголем потенцијал и тој број ќе биди околу 60. Ќе има изненадувања, познати лица од јавниот живот кои ќе куглаат, многу забава и дружење, многу насмевки, ведрина… -Колку е успешен проектот “Кугламе и сме среќни“ говори и тоа што годинава меѓу најуспешните млади битолчани е и девојката, која кугла подобро од машките, по повод 75 години од ослободувањето на Битола, заслужено се најде во групата на 5 таленти од Битола за кои ќе слушаме во иднина многу повеќе, Андреа Вељаноска, на која и требаше само една година тренинг да ги победува, врсниците и повозрасните од неа, кои тренираат и се натпреваруваат по пет години, вели за крај Игор Михајловски.

Bitolanews и во оваа втора сезона останува поддржувач на проектот “Кугламе и сме среќни“ и ќе ги следиме во текот на сите фази од одржувањето, афирмирајќи ги творците, организаторите, младите куглари…

С. Ристевски