Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: градежен работник паднал од покрив, фатени нови емигранти од Куба и сообраќајни контроли

На 06 ноември oколу 14.00 часот во СВР Битола било пријавено дека во атар на село Дихово, битолско, Д.П.(47), вработен во приватна фирма за изградба на прочистителна станица во атар на село Дихово, паднал од кров при што се здобил со повреди и бил пренесен во Клиничка болница Битола. Увид извршила увидна екипа на СВР Битола.

На 06.11.2019 во 19.45 часот кај манастир ,,Св. Илија’’ во реонот на Граничен премин „Меџитлија“, во близина на граничната линија помеѓу Македонија и Грција, од слобода биле лишени П.Р.Е. (44) и Р.Т.Л.М. (33), двајцата од Куба, поради тоа што биле затекнати при обид незаконски да ја преминат државната граница. Тие биле приведени и предадени на полициски службеници од СВР Битола за понатамошна постапка.

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Битола вчера извршиле контрола за алкохол, брзина, управување без возачка дозвола, нерегистрирани возила, непочитување првенство. Притоа, констатирано е дека 10 возачи управувале возило без возачка дозвола, седум возила биле нерегистрирани, тројца возачи ја надминале дозволената брзина, еден зборувал на мобилен телефон додека управувал возило, под дејство на алкохол биле седум возачи и тие биле исклучени од сообраќај. За сите неправилности издадени се соодветни налози.