Press "Enter" to skip to content

Чурино го донесе појасот “Барбер фајт 3” во Битола и прослави со најблиските (фотогалерија)

Нашиот сограѓани, Ристо Димитров-Чурино, кој живее и работи во Оман, деновиве во Белишќе , Хрватска го освои појасот за “Барбер фајт 3”, совладувајќи го противникот Дарко Кнежевиќ од Србија, на стартот на борбата, во првата минута со „ граунд енд паунд“.По освојувањето на титулата и освојување на појасот за “Барбер фајт 3”, двата слободни дена кои ги имаше на располагање, ги помина во Битола, со своите најблиски, со кои ја подели радоста за титулата.-Не можев, а да не дојдам во Битола, имав два дена и ги поминав со најблиските, семејтвото и пријателите кои секогаш, каде и да сум, каде и да се натпреварувам, победувам или сум поразен се со мене. Го донесов и големиот појас, и заедно со нив ја прославив победата, ни рече Чурино, кој во невидено брзање и обврски ги помина двата нецели дена во Битола.Димитров победи во првата рунда, а за борбата и противникот рече:-Борбата започна и се течеше според она што го предвидов. Прво го тестирав противникот, затоа што не беше ни најмалку наивен и е искусен борец. откако проба  неколку удари со нога и рака,  видов шанса и направив влез на нозе и со “дабл лег тејкдаун“ го донесов на партер. Се бранеше силно, ама во партер сум подобар. Влегов во “фулл маунт“ и го завршив со неколку удари уште во првата рунда. Секоја чест за противникот кој беше добар и јак противник со повеќе од 100 борби во бокс, кикбокс и ММА.За подготвителниот период кој траеше три месеци, Димитров, вели:-Јас сум цело време во натпреварувачка форма, тренирам, обучувам други, се натпреварувам, но секој ваков предизик бара посебни подготовки. Се подготвував тука во Македонија, во Оман каде живеам, а бев и на подготовки во Тајланд, кај искусни тренери и борци. Беше напорно, но се  исплати, а резултатот го гледате, големио појас е во Битола, на Широк Сокак, во мои раце и во рацете на моите најблиски, што за мене е голема сатисфакција.Димитров денес, кога се објавува овој текст е веќе во Оман, со редовните работни обврски, а таму сигурно со своите пријатели и ученици кои ги тренира уште еднаш ја слави победата, која е втора по ред по враќањето на Ристо на ММА борбите.Инаку, борбата на Чурино беше главна на настанот, на кој се одржаа 13 профи ММА борби, три профи бокс (една е за појас) и еден меч е бокс без ракавици. Настанот беше во организација на Јуропијан топ фајтерс (ЕТФ) и главниот менаџер Кристија Ускоковиќ – Ускок.

С.Ристевски