Press "Enter" to skip to content

Дел од нематеријалното културно наследство на Словенија, претставено во Битола

Синоќа во салата за изложби во НУ Завод и Музеј во Битола во соработка со Словенскиот етнографскиот музеј, беше отворена изложбата на која беше претставен дел од нематеријалното културно наследство на Словенија.
За изложбата зборуваше директорката на Заводот и Музеј д-р Мери Стојановска, која се осврна на тоа што е претставено на изложбата.
Гостинките од Словенија, Тања Роженберг –  дитектор на Етнолошкиот музеј на Словенија и Нина Жидов – кустос, зборуваа за тоа што се нематеријално богатство на Словенија, за дел од она што е претставено на изложбата и за вредноста на истото.
Изложбата на нематеријалното културно наследство на Словенија ја отвори Мери Стојановска.
На изложбата се претставени предмети кои е отценето дека спаѓаат во нематеријалното културно наследство на Словенија, разни рецепти за подготување на храна, фотографии, а беа прикажани и четири документарни филмови.