Press "Enter" to skip to content

МЗТ Скопје избегна изненадување во Битола, едвај победи (фотогалерија)

Пелистер – МЗТ Скопје 84:89 (18:321, 31:21, 14:25, 21:22)

Спортска сала “Боро Чурлевски“, гледачи 800

Сидии: Митровски, Мијалковски и Јанков

Пелистер: Враниќ 20, Цветковски 13, Обедниковски, Пенов 12, Казарновски 11, Трсунов, Зекири 16, Мекиќ 12, Гулевски, Атанасовски, Лазаревски, Голубовиќ.

МЗТ Скопје: Николов, Магдевски 2, Стојановски 10, Маслинко 11, Морнар 11, Кртевски 5, Димитровски, Симоновски 16, Херис, Џабарие 34.Екипата МЗТ Скопје победи во Битола против Пелистер, но така лесно како очекуваа, а ако “пелистерци“ беа повеќе концетрирани и не го преценеа противникот, лесно можеше бодовите да останат во Битола.МЗТ Скопје ја доби првата четвртина со 21-18, а резулатот беше во однос на водството на екипата се менуваше. Прво поведоа кошаркарите на МЗТ, потоа во водство беше Пелистер, а четвртината заврши со водство на гостите.Втората чествртина започна фуриозно за екипата на Пелистер, по -3 на стартот по 4 минути беше +12 за Пелистер (33:21). По две минути игра беше 38:25, по што Пелистер одржуваше позитива од десетина кошеви, за на крај, на одмор да отиде со +7 (49:42), откако кошаркарите на Пелистер направија непотребни, брзи, технички грешки.На стартот на третата четвртина Пелистер зголеми на 51:42, а по три минути беше 55:45, а потоа само +2 за Пелистер (55:53). Првото израмнување беше 57:57, а МЗТ дојде до 57:64, а во последната четвртина Пелистер стартуваше со -4 (63:67). Во последната четвртина МЗТ имаше +8 (65:73), а потоа и +10 (69:79). Потоа следуваше добра игра на Пелистер во одбрана и добра напад, па на 16 секунди до крајот дојде до израмнување 84:84, а на само 8 секунди до крајот МЗТ стигна до победа со тројката на Џабари Хиндс, за 84:87, па останатите секунди беа формалност како и личната грешка на Зекири по која Маслинко постигна два поени.