Press "Enter" to skip to content

Одлично предавање на проф. д-р Зендел Абедин Шехи на големиот мотивациски семинар и (фотогалерија)

Салата на Народниот театар во Битола беше претесна да ги прими сите битолчани кои сакаат да присуствуваат на големиот мотивациски семинар на тема “Како да изеземе од нашата конфорна зона“, кој го организира  Европскиот институт за менаџмент, право и дипломатија од Скопје.На семинарот зборуваше, во негов познат стил, д-р Зендел Абедин Шехи, професот на Европскиот институт за менаџмент, право и дипломатија од Скопје, кој со неколку примери успеа да ги привлечи вниманието на присутните и да да убеди дека треба секој да најде начин да излезе од својата конфорна зона.-Ви благодарам што ми дадовте прилика и можност да ме сослушате во полна сала. Се потсетивме уште еднаш за потребата на добрина со обострана почит и емпатија. Личниот раст и развој се одвива секогаш надвор од нашата комфорна зона, изјави проф. д-р Зендел Абедин Шехи.На семинарот гостите ги поздрави модератор на семинарот и асистенот на проф. д-р Зендел Абедин Шехи, Верица Пандиловска, која им се заблагодари на сите присутни на семинарот, пријатели, соработници кои им дадоа доверба со своето присуство и можност да ги слушнат во полна сала со емоции.Караванот на тема “Како да изеземе од нашата конфорна зона“ започна во Скопје, продолжи во Охрид и заврши во НУ Народен Театар – Битола, а секој учесник на семинарот доби и сертификат.Инаку, ЕУ Институтот редовно врши едукација на компании, вработениот кадар на приватни клиники, хотели, обука на студенти, едукација на просветни работници од образовниот и воспитно-образовниот систем, обучува кадар во општините како во Македонија, така и во Европа.Семинари, класични и интерактивни работилници се дел од сегментите со кои се занимава ЕУ Институтот за менаџмент, право и дипломатија. Ова се основни сегменти на дел од секое работење, на секаков вид на кадар во фирми, институции или поголеми компании.