Press "Enter" to skip to content

Ординацијата “Д-р Чипуровски“, дијагностицира анеуризма на абдоменална аорта

Со д-р Васил Чипуровски, претставувајќи ја  специјалистичката интернистичка ординација “Д-р Чипуровски“, информираме  за најсовремени апарати во медицината за прегледи на внатрешните органи, кои ги поседува. Низ овие разговори  добиваме и стручни медицински информации за многу интернистички заболувања и нивно откривање и понатамошно третирање.  За истите  постои голема заинтересираност.

Овој пат  Д-р Васил Чипуровски зборуваше за абдоменална аорта, клиничката слика и кои лабараториски тестирања откриваат дека постои ова заболување.

Кажете ни која е најчестата причина за оваа болест?

-Абдоменална аорта е главен крвен сад кој носи оксигенирана крв од срцето кон акстремитетите и други органи, како бубрези, слезинка итн. Покрај ретки вродени генетски аномалии кој кои има слабост на самиот ѕид, најчеста причина за појава на анеуризма, поточно дилатација на луменот на аортата е долгогодишната нерегулирана хипертензија (крвен притисок).Како се уврдува?

-Оваа појава на абдоменална аорта, се уврдува ултрасонографски со ехо на абдомен во нашата ординација, преку мерење на дијаметар на абдоменалната аорта. Доколку дијаметарот е над 30 милиметри, тоа значи дека имаме анеузирма, а доколку е над 55 милиметри, постои ризик од дисекција на аорта и крварење, развивање на хеморагичен шок и смрт. При ехо на амдомен аортата е со хиперогени ѕидови, медијално поставена, еднопулсорачка со црвена боја на “color dopller“, за разлика од инфериорната вена која е двојно пулсирачка со нејасни ѕидови, десно од аортата.

Сите испитувања и понатамошен тек на третирање може да ги направите во нашата ординација.

ПЗУ “Д-р Чипуровски“се наоѓа на улица “Игњат Атанасовски“ б.б. во комплексот “Веро“ во Нова Битола.