Press "Enter" to skip to content

Фото вест: се празни фонтаната и се подготвува за зимскиот период

Големата фонтана која се наоѓа во споменичниот комплекс “Филип Втори“ на плоштадот на “Магнолија“ се подготви за зимска зезона, односно за минусни температури, и се испразни системот за вода.

Ова е редовна постапка пред зимскиот период, се празни целиот систам за испумпување на вода, со цел да не замрзе водата и да испукаат цевките кои ги има со системот, ни рекао работниците кои работеа на фонтаната.

Битолчани кои уживаа во овој ден на градот во звукот кој го даваше водата ќе почекаат до пролет, кога повторно ќе биде пуштена фонтаната.