Press "Enter" to skip to content

Нова победа за Пелистер Волеј, овој пат во Струмица

Македонија Макс – Пелистер Волеј 1:3 (22:25, 18:25, 25:17, 13:25)

Во рамките на 4. коло од Првата одбојкарска лига на Македонија одбојкарките на Пелистер Волеј забележа нова прволигашка победа. “Пелистерки“ овој пат на гостински терен во Струмица ја победи екипата на домаќинот Македонија Макс и нови 3 бода.

За овој натпревар тренерот Роберт Митковски, вели:

-Освен во третиот сет во кој имаше опуштање, во сите останати Пелистер беше доминантен, а особено во последниот сет кој го добивме супериорно со 25:13 иако домаќините отворија со 5:0, на што возвративме со перфектна игра. Она што радува е тоа што нападот станува се подобар, а одбраната повторно функционираше фантастично. 

За оваа генерација одбојкарки кои оваа година имаат смена на герации Митковски додава:

-Ова само говори дека градиме генерација со победнички менталитет, која одлично се надоврзува на веќе искусните Жабјановска – Димовска кои покажуваат лидерство. Убаво е што во секој натпревар се повеќе играчи се истакнуваат во освоените поени, па така денес лидер во освоените поени е Ивана Белокозовска.

Поените на денешниот напревар за Пелистер Волеј ги освоија Ивана Белокозовска 17, Ана Пејовска 12, Стефани Најдановска 11, Изабела Димовска 9, Ева Трпеновска 9 и Тамара Жабјановска 7.