Press "Enter" to skip to content

Повторно емигранти од Куба фатени на граница, овојпат петмина

На 09.11.2019 година во 07.30 часот полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин и граничен надзор „Меџитлија“, пред село Кременица, битолско, ги привеле лицата Г.М.А.(44), П.Х.Ј.(26), Х.П.Л.(55), Д.А.Ј.(37) и С.Л.И.(24), сите од Куба, поради тоа што илегално ја преминале државната граница и од Р. Грција влеле во Р.С. Македонија.

Лицата биле предадени на полициски службеници од СВР Битола за понатамошна постапка.

По документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.