Press "Enter" to skip to content

Фудбалерите на Пелистер со реми се враќаат од Боговиње, но го изгубија првото место

Дрита – Пелистер 0:0

Екипата на Пелистер под водство на тренерот Зоран Штерјовски се уште се немаат израдувано со победа, а од Боговиње, на гостувањето против  Дрита, во рамките на 12. коло се враќаат непоразени, играа без голови 0:0.

По ова реми екипата на Пелистер по неколку кола помината на првото место на табелата, првото место и го препушти на екипата на Скопје, со 22 бода. Пелистер, Влазерими и Лабиниште сега имаат по 21 бод, со што дополнително ќе се закомплицира борбата за прво место, на само две кола пред крајот на есенскиот дел. 

Во наредното коло Пелистер на свој терен ја пречекува екипата на Охрид, која е последна на табелата со 8 бода, а во првиот дел “пелисерци“ во Охрид славеа убедлива победа.