Press "Enter" to skip to content

Кошаркарските ветерани на Пелистер ги победија ветераните од Корча (фото)

Пелистер – Скендербег 80:63

Кошаркарските ветерани на Пелистер продолжуват со кошаркарските дуели со ветераните од другите клубови кои имаат вакви екипи.

Битолските кошаркарски ветерани вчера во Битола, во спортската сала “Боро Чурлевски“ ја победија екипата на Скендербег од Корча, Албанија, со резултат 80:63, но како по којзнае кој пат повторуваат, во ваквите средби резултатот е на последно место.Ова беше “реванш“ натпревар бидејќи ветераните претходно гостуваа во Корча.

Кошаркарските ветерани Белката, Оли, Дандо, Мандичо… редовно тренираат, а иако сите средби се ревијални тие го имаат во себе спортскиот инает и се трудат каде и да играат да “одат“ на победа.

С.Р.