Press "Enter" to skip to content

Младинките на Пелистер Волеј нема кој да ги победи, 4 победи од 4 натпревари (фотогалерија)

Пелистер Волеј – Љуботен 2:0 (25:14; 25:13)

Пелистер Волеј – УГД Студент  2:0 (25:16; 25:09)Во рамките на државно првенство Младинки група “В“ во Битола во спортската сала на Средното медицинско училиште “Д-р Јован Калаузи“ екипата на Пелистер Волеј повторно имаше максимален учинок изразен со две победи со максимални 2:0 по сетови.Младинските ги победија екипите на Љуботен и УГД Студент и со вкупно 4 победи од исто толку натпревари се зацврстија на првата позиција на табелата.За продолжението со победи, тренерот на Роберт Митковски вели:-Продолживме со победите во стил како и посакувавме, иако да бидам искрен јас и останатите тројца тренери во оваа сезона влеговме малку претпазливо со оглед на големиот број на нови одбојкарки, но со многу труд и работа направивме силна екипа, која победува, а одбојкарките од натпревар во натревар се подобри.За двете вчерашни средби Митковски додава:-Одигравме онака како посекуваме и како се договоривме фуриозно, супериорно, во досега најдобро издание ги совладавме екипите на Љуботен и УГД Студент со максимални 2:0 по сетови.  Имавме и огромна поддршка од трибините за нашите младинки кои возвратија со неверојатна игра и демонстрираа моќ и покажаа дека невозможно е да се бараат бодови во Битола.-Шанса поради разулатот и играта која ја покажаа добија сите, целиот ростер и сите ја оправдаа довербата во целост, а аплаузот за нас е најголемата награда, вели Митковски.Поените со Љуботен ги освоија: Стефани Најдановска 9, Ивана Белокозовска 8, Ана Пејовска 5, Ева Трпеновска 4, Димитра Ангелин 3, Ања Ристевска 3, Ивана Василевска 2, Теона Богдановска 1, Емилија Бицевска 1 и Јана Ристевска 1.Со УГД Студент најефикасни кај Пелистер беа Ана Пејовска 7, Ивана Белокозовска 7, Ева Трпеновска 6, Ивана Најдановска 4, Ивана Василевска 4, Димитра Ангелин 3 и Ања Ристевска 3.