Press "Enter" to skip to content

Форум за говорот на омраза и концептот на злосторства од омраза (фото)

Правниот факултет при Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола одржа меѓународен стручно-научен форум за говорот на омраза и концептот на злосторства од омраза.Идејата за организирање на форумот е поврзана со желбата да се навлезе во суштината на две кривични дела, говор на омраза и злосторства од омраза кои во современите процеси заземаат се поинтензивно влијание, истакна деканот на Правниот факултет во Битола, проф. д-р Горан Илиќ.-За жал овој проблем се интезивира преку социјалните медиуми како средство за предизикување на овие кривични дела. Пренесувањето на мислења и ставови на академската заедница и стручната фела ќе бидат публицирани со што ќе се даде стручен и научен придонес во научната мисла во државата и странство. Подршката што ја добивме од обвинителството, правосудството, МВР, но и невладини организации е одлична можност да се продлабочат знаењата во контекст на темата на форумот. Оваа актуелна тема допира многу институции, таа е современа и динамична и затоа мора континуирано да се следи и од различни аспекти, истакна Илиќ.Во дебатниот дел на Форумот на тема „Говорот на омраза и концептот на злосторства од омраза“ со свои излагања настапија Славица Анастасовска и Сибел Амет од Хелсиншки комитет, Драгана Дрндарецска од НВО Коалиција „Маргини“ и д-р Марјан Танушевски, претседател на МНД-Битола.

Сесиите ги модерираа д-р Ангелина Станојоска и д-р Ице Илијевски, професори на Правен факултет при УКЛО-Битола.