Press "Enter" to skip to content

11. по ред фестивал на “Музика од светот“, со нов селектор и три големи концерти во Центарот за култура

Националната установа Центар за култура е подготвена за 11. по ред издание на меѓународниот фестивал на “Музика од светот“ кој ќе се одржи од 15 до 17 ноември, на кон публиката ќе има можност да ужива во три големи концерти, што ќе се одржат во големата сала на Центарот за култура.

На прес-конференција која се одржа денес, директорката на НУ Центар за култура, Маја Андоновска – Илијевски, рече дека како и секоја година и оваа за фестивалот традиционално има голем интерес, како за официјалната така и за дополнителната музичка програма.За годинашниот “Фестивал на музика од светот“, Андоновска – Илијевски на пресот рече:

-Фестивалот ќе почне со концертот “Танго“ на Хели Сиекинен уметница од Финска која свири на хармоника и бандеон, која веднаш по настапот во Битола заради нејзините бројни ангажмани ќе продолжи со концерти во Германија. Сиекинен е музичар од светски калибар, хармоника учела во Финска, САД и Русија и настапувала на многу светски сцени. Серијалот големи целовечерни концерти на фестивалот ќе продолжи во сабота навечер со настап на познатата балканска ѕвезда, Јелена Томашевиќ  која ќе биде придружувана од битолскиот Камерен оркестар, а фестивалот ќе заврши со концерт на оркестарот Џамбо Агушеви и специјалниот гостин Благојче Трајковски, кои и свечено ќе го затворат годинашното издание на Фестивалот.

Година фестивалот “Музика од светот” има нов селектор, истакна на прес-конференцијата, Маја Андоновска-Илијевски:-Нов селектор на фестивалот “Музика од светот“ е музичарот Владимир Димовски, вработен во Македонската опера и балет, инаку тој е и диригент на Камерниот оркестар од Битола.

-Фестивалот „Музика од светот” и годинава ќе има офф програма, бидејќи целта ние е Битола за време на фестивалските денови, 24 часа да живее со музиката. Дополнителната фестивалска програмата ќе се реализира во три битолски кафулиња, каде ќе настапат ди-џеј Срџан Јаниќијевиќ и познат театарски режисер, ди-џеј Вишко, ди-џеј Сашо-Ресид, мини концерт со групата “Love itoya“, музичари од Нигерија кои живеат и работаат во Солун, како и настап на групата “Soul Food”, истакна Андоновска- Илијевски.

Фестивалот „Музика од светот” ќе се одржи со поддршка од Министерството за култура, Општина Битола.