Press "Enter" to skip to content

Промоција на “Сјајна ѕвезда со лавовска грива“ и “Мартин Крпан – дипломат и воин од Милан Јазбец (фотогалерија)

Училишната библиотека на Горната гимназија во Битола денеска беше културен мегдан каде беа промовирани две книги на словенечкиот амбасадор во нашата земја, Милан Јазбец.Едната книга под наслов „Сјајна ѕвезда со лавовска грива“ е најновото поетско дело кое е издадено двојазично, на македонски и на словенечки јазик, додека втората промовирана книга носи наслов „Мартин Крпан –дипломат и воин“. Промоторот на двете дела, библиотекарот Драган Ристевски, истакна дека Милан Јазбец покрај тоа што е дипломат од кариера со богато дипломатско искуство како амбасадор во повеќе земји во светот, тој е автор и на 40 –тина прозни и поетски дела, од кои една третина се дела од областа на дипломатијата.

-Извонреден културен настан се случи денеска во гимназиската библиотека која беше преполна со посетители, ученици и наставници, раководството на Гимназијата „Јосип Броз Тито“, а како посебен гостин треба да се истакне и присуството на градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска – изјави библиотекарот и организатор на овој настан Драган Ристевски и додаде:-Промоцијата на две дела на амбасадорот Милан Јазбец, како и неговата презентација на условите за студирање на универзитетите во Словенија пред битолските гимназијалци, претставуаат полн погодок, бидејќи предизвикаа голем интерес кај учениците, освен со присуството во училишната библиотека , имеѓутоа и со бројнитепрашања упатени кон респектабилниот гостин, амбасадорот Милан Јазбец, осведочен пријател на нашата земја.Особен акцент на денешната посета беа информациите за условите за студирање на словенечките универзитети, каде македонските студенти ги имаат истите можности и шанси како и словенечките колеги.Инаку во Словенија постојат три државни универзитети, во Љубљана кој е рангиран во првите триста универзитети во светот, според Шангајската листа, потоа во Марибор и во приморскиот град Копер. Меѓутоа, покрај државните има и неколку приватни универзитети кои се отворени за битолските и идните студенти од Македонија, секако според критериумите на секој универзитет посебно.-Во Словенија живеат над 20 илјади Македонци кои се мошне важен популациски фактор во Словенија. Македонците се активни учесниви во сите сфери на животот, а како врвни стручњаци тие работат како лекари, инженери и други области, како култура и уметност, меѓутоа и како вредни работници и занаетчии – рече амбасадорот Милан Јазбец при денешната посета на Битола, пред учениците и присутните во Горната гимназија.