Press "Enter" to skip to content

Утре, сабота ќе се засадува кај Бел Камен, в недела над Кркардаш

Акцијата “ДА ЗАСАДИМЕ ИДНИНА“,  во организација на  Ротари Клубот Битола Широк Сокак, започнува в сабота, а станува збор за акција за пошумување на локации во околината на градот Битола. Акцијата ќе се спроведе со стручна и професионална поддршка на вработените од ЈП “Национални Шуми“.  Ќе се засадат повеќе 100.000 садници со што ќе се обноват белите дробови на градот Битола.  Акцијата ќе започне во 10 часот на локацијата Бел Камен, Ротино.
 
Во недела, на 17 ноември 2019 година, со почеток во 10 часот, ќе се одржи акција за пошумување на ридот над населбата Баир во Битола. Просторот каде се планира реализирање на акцијата “Зелен Баир“ е поранешна борова шума, која во изминатите 15
години е целосно уништена од пожари. Во акцијата за пошумување на ридот „Зелен Баир“ ќе учествуваат волонтери од повеќе граѓански организации од Битола.