Press "Enter" to skip to content

Започна Фестивалот на музика од светот, со финската уметница на хармоника Хели Сиекинен (фотогалерија)

Младата финска уметница Хели Сиекинен со својата прекрасна изведба на хармоника, оридружувана од битолскиот камерен оркестар го отвори годинашниот 11. по ред Фестивал на музиката од светот, пред полна сала, а со своите изведби ја воодушеви публиката.Пред настапот на Хели Сиекинен на публиката и се обрати директорката на Центарот за култура, кој е и организор на фестивалот, Маја Андоновска – Илиевски, која потенцира дека овој фестивале е еден од најзначајните културни настани во Битола и пошироко, а на него се појавиле големи музички ѕвезди.-Битола е градот во кој музиката има посебно место. Не е кажано случајно дека најдобрите музичари во нашата земја имаат своја адреса во Битола. Битола е обоена во  боите на Фестивалот на музика од светот, а со хармониката на Хели да ги растопиме финските снегови, рече Андоновска Илијевски.Фестивалот за отворен го прогласи заменик министерот за култура Владимир Лазовски, кој истакна дека за овие 11 изминати години фестивалот ги поддржува домашните изведувачи, а по квалитетот е на мапата на земји со високопрофилирани уметници.-Министерството за култура во овој фестивал препозна свој партнер кој се профилира во настан кој се истакнува со својот квалитет, ексклузивност, бидејќи со своето значење и прогресивен концепт на афирмација на најразличните музички жанрови дава свој придонес за развојот на културата“, рече Лазовски.Битолскиот камерен оркестар одлично ја следеше гостинката, оркестарот под диригенство на Владимир Димовски, кој е и селектот на фестивалот, а пред публиката концертот го изведоа без ниту една грешка иско само два пати пробаа, што говори за квалитетот на Хели Сиекинен и на оркестарот.Свој дел на концерот изведе и Марија Димитријевиќ која исто така допре до срцата на битолчани, а аплаузите од присутните само потвдија дека битолчани уживаа на првата фестивалска вечер од Фестивалот.Денес на втората фестивалска вечер ќе настапи Јелена Томашевиќ исто така во придружба на Камерниот оркестар од Битола.

Текст и фото: С. Ристевски