Press "Enter" to skip to content

Втора победа на ракометарите на Пелистер против Струга есенва

Пелистер – Струга 38:24 (17:10)

Ракометарите на Пелистер во Битола, ја совладаа екипата на Струга по втор пат оваа есен, исто како и на гостувњето на стартот на сезоната.

Пелистер победи убедливо победа со 38:24 против Струга во рамките на 11. коло од Суперлигата, беа проблеми, а победникот беше решен уште по првиот дел, кога “пелистерци“ имаа седум голови предност, 17:10.

Екипата на Струга како и во првиот дел, така и во вториот ниту еднаш сериозно не се закани, а по првите десетина минуто во вториот дел разликата беше +10, (20:10). 

Најдобри стрелци кај Пелисѕтер беа Игор Трајковски со девет  и Стефан Талевски со осум погодоци.