Еурофарм Работник – Савехоф 32:31 (18:12)
По првата победа ракометарите на Еурофарм Работник денес дојдоа до втората победа во “Ц“ групата од Лигата на шампионите, а во Битола ја победија екипата шведскиот тим Савехоф со минимални 32:31, во натпревар во кој по којзнае кој пат можеше се да се случи.
По четирите порази во низа и поразите од 1 гол разлика, овој пар среќата беше на страна на “фармацевтите“ кои до победата стигнаа со гол во последната секунада, а погоди од бековска позиција, Радовиќ.
Еурофарм Работник за брзо време дојдоа до позитива од +4, (7:3), а Швеѓани по тајм-аутот со серија од 1:5 израмнија на 8:8, на половина од првиот дел, а битолчани возвратија за 10:8, па 12:9, и ново израмнување 12:12. До крајот на полувремето гостите не погодија со одличните одбрани на Никола Митревски, Еурофарм Работник погоди шест пати за 18:12 на полувреме.
Во вториот дел Савехоф се враќаше од негативата, а во 50. мунута дојде до -1 (26:25), по што следуваше интересна завршница. Во 52.минута беше 27:27, а во 57 повторно израмнмување 29:29. Савехоф на една и пол минита до крајот имаше и трето израмнување во финишот, 30:30, следуваше нови 31:31. Последниот напад од десетина секунди го имаа ракометарите на Еурофарм Работник, а во последната секунда Радовиќ и погоди за втора победа во ЛШ.
Најдобри стрелци во битолскиот тим беа Острушко, Радовиќ и Јотиќ со по шест голови.
Тренерот Стевче Алушовски на официјалната прес-конференција рече:
-Најпрво, сакам да им честитам на моите ракометари за извојуваната победа. Ова сценарио ни се случува речиси на секој натпревар оваа сезона. Кога грешките еднаш е само грешка, а кога тоа се повторува 5-6 пати, тоа е веќе избор. Сепак, не можам да им замерам на моите ракометари, затоа што сите минуваме низ еден тежок период, пред се заради проблемите со повредени играчи. Можеби звучам песимистички, но кога работите едно на тренинзите, а на терен се спроведува друго, многу е тешко да се работи во вакви услови. Но, наше е да продолжиме напорно да работиме и да се надеваме на уште многу победи.
Следен противник на Еурофарм Работник е екипата на Кокс од Финска.






