Press "Enter" to skip to content

Кошаркарите на Пелистер убедливи во Скопје, го победија Вардар

Вардар – Пелистер 71:95 (11:25, 18:30, 16:20, 26:20)

Спортска сала “Кале“ во Скопје, гледачи 100

Судии: Митковски, Јанков и Давидов

Вардар: Крстевски 4, Невес 22, Темелковски 4, Робев 10, Радос 5, Јунику 7, Станимировиќ, Марас, Ивановиќ 3, Зафиров 2, Арсовски 14, Настовски.

Пелистер: Враниќ 21, Цветковски 15, Пенов 10, Мекиќ 18, Казарновски 13, Думиќ 2, Трсунов  3, Обедниковски 2, Атанасовски, Голубовиќ 2, Лазаревски, Зекири 9.

Кошаркарите на Пелистер  како фаворити тргна за Скопје и ја тоа го потврдија со убедлива победа над Вардар, и ја забележаа првата победа во гости оваа сезона.  “Пелистерци“ како да играа симултанка во своето најдобро издание и беа убедливи во сите четвртини од натпреварот. 

Екипата на Пелистер уште од првата четвртина се наметнаа со играта и направи резултат 11:25, а на одмор се отиде со убедливи 29:55.

Во продолжение “пелистерци“ продолжија со добрата игра и стигнаа до +30, 45:75, на стартот на последната четвртина. Последната четвртина резултатски и припадна на “вардарци“ но со скоро нова постава на Пелистер. 

Најефикасни кај Пелистер беа Враниќ со 21, Мекиќ додаде 18, а Цветковски беше автор на 15 поени.