Press "Enter" to skip to content

Јелена Томашевиќ со својот совршено мелодичен глас допре до битолската публика и ја воодушеви (фотогалерија)

Голем интерес за концертот на Јелена Томашевиќ, која настапи на втората вечер на Фестивалот на светска музика, која ја исполни Големата сала на Центарот за култура до последно место.Концертот со име “Океан“ и океан од чувства и емоции која ги пренесе прекрасната Јелена Томашевиќ со својот совршен глас. Во изведбите маестрално ја придружуваше  камерниот оркестар под диригентската палка на Владимир Димовски.  Јелена Томашевиќ елегантна и одмерена, но со својот глас допре длабоко до душата и емоциите на битолската публика која ја придружуваше и ги  пееше нејзините хитови: „Јутро“, „Океани“ „Оро“, „Где да одем да те не волим“, „Меланхолија“…Со  репертоар  изворни песни во современи аранжамани во придружба на камерниот оркестар ја воодушеви публиката. Македонската “Судбо моја… судбино“ и гласот на Јелена предизвика бура емоции и солзи…Потоа се редеа „Јовано Јованке“, „Бело лице љубам јас“, „Јелена“, Ѓурѓевдан“, “Нема кога“ од филмот „Ивкова слава“ за да на крај заврши со „Битола мој роден крај“.Публиката со силен аплауз ја поздрави на крајот и ја врати на бината повторно.Во текот на целиот концерт таа комуницираше многу спонтано и природно  со публиката на достоиствен начин со што и го заслужува епитетот најдобар  женски вокал и поп пејачка на балканските простори.

Жанета Ристевска