Press "Enter" to skip to content

Џамбо, “Агушеви“ и Благојче, “светски, а наши“, го “затворија“ Фестивалот, кој започна со “Танго“, а заврши со “Вулкан“ (фотогалерија)

Спектакуларен концертот насловен со име “Вулкан“ и Џамбо и “Агушеви“ оркестар заедно со Благојче Трајковски  пред битолската публика на последната вечер на Фестивалот на музика од светот.Секоја од трите вечери на фестивалот со различен наслов на концерт и иазведувач со специфечен ритам од светот. Започна со “Танго“ и уметницата на хармонника Хели Сиекинен од Финска во придружба на камерниот оркестар од Битола со диригент Владимир Димовски и солист Марија Димитријевиќ . Втората вечер продолжи со “Океан“  и прекрасната Јелена Томашевиќ од Р.Србија  и камерниот оркестар. Фестивалот  заврши со “Вулкан“ и оркестарот Џамбо Агушеви и нивниот специјален гостин  Благојче Трајковски – „светски, а наши“.  Виртуозот на кларинет нашиот битолчанец Благојче Трајковски  оваа вечер се обрати кон публиката и истакна дека Битола доживеа еден духовен раскош живеејќи во овие денови на музика од светот.Тој  ги поздрави организаторот Центарот за култура и директорката Маја Андоновска Илиевски како најзаслужни за овие денови на задоволство за битолската публика која со својот префинет вкус, добро знаат што е квалитетна музика да ја проценат и испочитуваат.Тоа и се случи на  последната вечер од фестивалот кога публиката заедно со енергичниот и харизматичен Џамбо Агушев, заигра, запеа  за да на крај со скандирање “сакаме уште“ не сакаа да заврши оваа вечер и фестивал.Џамбо Агушев во свој стил ја забавуваше публиката и ја вжешти атмосферата како вулкан. На крај со “Битола мој роден крај“  публиката го придружуваше и играше на нозе.На крај  сите коментари беа дека е потребно повеќе концерти со квалитетни изведувачи кои секако и недостасуваат на нашиот град и за кои нашата публика е жедна.До наредниот Фестивал на музика од светот  секој ќе ги средува своите впечатоци од она што се случуваше во овие денови на “духовен раскош“ за Битола.Организаторот Центарот за култура со  директорката Маја Андоновска Илиевски и селекторот Владимир Димовски после успешно организираниот овогодишен фестивал на кузика од светот може да бидат задоволни од изборот и да се подготвуваат за наредниот со нови уметници од светот на музиката.

Жанета Ристевска