Press "Enter" to skip to content

Ветераните на КК Пелистер победници на турнирот во Кавадарци

Пелистер – Струмица 39:38

Во организација на семејството Тотови, негови соиграчи и пријатели во спортската сала  “Јасмин“ во Кавадарци се одржа меморијалниот кошаркарски турнир “Ордaн Тотов“ посветен на познатиот кошаркар на КК Тиквеш, Данчо Тотов, кој почина прерано.

На турнирот учествуваа покрај домаѓинот Тиквеш и екипите на Борец, Пелистер и Струмица.

Екипата на Пелистер е победник на овој турнир по победата над екипата на Струмица во финалето со само еден кош предност, 39:38, а претходно во  полифиналето ја победи екипта на Борес со 42:28.

Турнирот го организира синот на Тотов и здружението на кошаркарски ветерани кои се грижат споменот за Орданчо да остане, низ една спортска манифестација не потсетува на него и неговите игри во кошарката.